Молитва за празникот Света Петка Римјанка – празник кој го празнуваат исклучиво жените!




На 8 август православните верници кај нас ја слават Света Петка Римјанка, позната и како преподобна маченичка Параскева. Таа е родена во петок и затоа го добила името Петка, а кога и починале родителите, целиот имот го поделила на сиромашните и се замонашила.
За време на гонењето на христијаните, таа често била мачена и затворана, но според светите списи, света Петка не била ранета. Според традицијата, таа била убиена по наредба на принцот Тараси, околу 140 година.




Нејзините посмртни останки биле однесени во Трново, каде што била погребана во црквата што го носи нејзиното име. Подоцна, нејзините мошти биле пренесени во Цариград, а се верува дека Света Петка е заштитничка на жените и дека ова е женски празник.
За празникот Света Петка Римјанка се запазуваат разни обичаи и верувања, а според верувањето треба да се каже молитва која е упатена до светителката:




Света Петко, Божја светителко, моли се на Бога за нас. Ти беше удостоена да го видиш лицето Божјо како чедо на нашиот народ, славна светителке Петка, па имаме слобода да ти зборуваме, наша роднино, и да ти се молиме за спас на нашите души.
Ова е кратка молитва, но има и продолжение, како и други молитви упатени до Света Петка Трнова. Многумина ја мешаат Света Петка Трнова, која била Римјанка и се слави во август, со Света Петка, која била Гркиња и прославува во октомври, бидејќи има неколку светителки со ова име.






