Рецепт за пијалок од тиквички за слабеење – искористете ја омилената сезонска храна со најмалку калории за подобро варење и отстранување на масните наслаги!




Тиквичките се една од омилените нискокалорични намирници. Тие се полни со вода, витамини, минерали, хранливи се и можат да бидат исклучително вкусни.
Навикнати сме да пржиме тиквички, да подготвуваме разни солени јадења, па дури и колачи од нив, но оваа супер здрава храна можете да ја користите и во напиток за слабеење.




Тиквичките се полни со растителни влакна, кои дефинитивно позитивно ќе влијаат на вашето варење, но и ќе помогнат во регулирањето на вашиот апетит.
Високата количина на растителни влакна помага да се намали апсорпцијата на мастите и се корисни во диета која има за цел да го намали нивото на холестерол и триглицериди. Од минерали најмногу содржат калиум и магнезиум.




Еве рецепт за еликсир за слабеење во кој главна улога имаат тиквичките, а дополнителна хранлива вредност даваат и другите здрави намирници.
Ќе ви биде потребно:
- 1 јаболко
- 2 помали зелени тиквички
- 4 листови кељ
- (1/2 см) парче ѓумбир
- ½ лимон




Подготовка: Сите состојки истурете ги во блендер и измешајте – ќе добиете густ и здрав сок. Препорачуваме да пиете една чаша дневно како ужина помеѓу два оброци. Напитокот можете да го чувате во фрижидер неколку дена.


