5 растенија кои привлекуваат здравје во вашиот дом – ефикасни се против хемикалии и корисни се за целото семејство!




Зелените растенија го облагородуваат секој простор, дозволувајќи му на духот на природата и убавината да владее во вашиот дом. Сепак, тие не се само украсни детали што ќе ги чувате на полиците, според ’’фенг шуи’’, растенијата имаат моќ да привлечат пари, љубов и среќа.
Од друга, научна страна, растенијата имаат способност да го подобрат здравјето во вашиот дом преку воздухот, но и да ве ослободат од стресот, кој е поттик за многу болести.




Ви откриваме кои растенија ги користат своите корени и лисја за да апсорбираат хемикалии и на тој начин да го прочистат воздухот во домовите :
1. Фикус – Декоративен, и добредојден во секој дом со своите големи и егзотични листови, фикусот е и одличен прочистувач на воздухот. Се смета дека листовите на фикусот го чистат воздухот од разни видови супстанции кои се наоѓаат во средствата за чистење маснотии.




2. Мировен крин (женска среќа) – Го чисти воздухот од амонијак кој се наоѓа во некои производи за чистење, и е одлично средство за борба против хемикалиите.
3. Зелен крин или растение пајак – Не e потребно да се одржува, совршено ќе се сложува со вашето домашно милениче бидејќи не содржи никакви токсични материи кои можат да му наштетат.




Главната предност на зелениот крин е тоа што е совршен прочистувач на загадувањето на воздухот. Затоа се препорачува да се чува во станови за луѓето кои живеат во големите градови.
4. Алое вера – Во козметиката се користи како еликсир за убавина, а одличен е и кога се работи за санкционирање на хемикалиите од тутунските производи.




Гелот од алое вера помага при изгореници, оштетување на кожата, но и ги намалува знаците на стареење и ја хидрира кожата на лицето на природен и неверојатно здрав начин.
5. Сенсеверија или змиско растение – Ова растение го нарекуваат и „свекрвин јазик“, украсно е, а според ’’ фенг шуи ’’ може да биде талисман за привлекување пари. Сенсеверија апсорбира различни гасови од воздухот и лесно се одржува.






