Вистинското уживање е пред вас.




Пристигна сезоната на сливи, па во продолжение ви пренесуваме рецепт кој ќе ги воодушеви сите што ќе го пробаат, а тајната е само во една состојка која не би ви текнала да ја ставите во тенџерето – чоколадо за готвење .
Потребни состојки:
- 2 кг сливи
- 1 кг шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење




Начин на подготовка: Сливите измијте ги, извадете ги семките и сомелете ги во машина за мелење. Додадете шеќер, измешајте и ставете во длабок сад.
Вклучете ја рерната до максимум и ставете ја овошната каша да крчка. Мешајте повремено, околу 15 минути. По еден час проверете дали овошјето заруменило.




Извадете го од рерна и додека џемот е се уште топол, додадете го стопеното чоколадо и промешајте. Во теглите истурете го млакиот џем, па вратете го во рерна уште 15 минути.


