СТАРИНСКИ РЕЦЕПТ ЗА ЗИМНИЦА КОЈА ЈА ОБОЖАВААТ ДОМАЌИНКИТЕ: Туршија со полнети пиперки со зелка БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ И ОЦЕТ

Туршијата со полнети пиперки со зелка е незаменлив дел од многу наши трпези во есенските и зимските денови.

Подготовката на зимницата за претстојните постудени денови е во полн ек, затоа ви го пренесуваме овој одличен рецепт за туршија со полнети пиперки со зелка, со кои во секое време ќе имате подготвен оброк.

Имено, доволно е да додадете парче месо и ручекот е готов! И не само тоа, штом еднаш ќе го вкусите нивниот неодолив вкус, сигурно ќе ги правите секоја година!

Потребни состојки:

3-4 кг зелка
5-6 кг жолти пиперки
5 l вода
150 гр сол

Како се подготвуваат?

Пиперките исчистете ги од дршките и семките, измијте ги и наредете ги на чинија обложена со памучна крпа да се исушат убаво. Сувите пиперки посолете ги малку, наредете ги во тавче и оставете ги да отстојат околу еден час.

Отстранете го првиот слој листови од зелката, исечете ги корените и измијте ја, а потоа изрендајте ја. Потоа постепено посолете ја со две лажици сол и измешајте со раце за солта да помине насекаде.

Исто така оставете ја да отстои околу еден час. Растворете 150 g сол во 5 l вода и мешајте додека солта целосно не се раствори. Наполнете ги пиперките до врвот со зелка и наредете ги во пластичен сад.

Ако ви останало малку зелка, наредете ја над и помеѓу пиперките. Потоа прелијте со солената вода, која претходно сте ја измешале.

Покријте со чинија одозгора, притиснете и оставете да отстои 15 дена. После тоа, овој феноменален прилог е подготвен за јадење! Погледнете ја детално постапката подолу во видеото.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...