Ви ги пренесуваме најубавите цитати на кралицата Елизабета




Дали ја сакавте или не, дали сте за монархија или не, не можеме а да не го почитуваме фактот дека кралицата Елизабета Втора е монархот со најдолго владеење во историјата на Велика Британија.
Од крунисувањето на 26-годишна возраст, па се до смртта на 96-годишна возраст, кралицата беше и остана темел на стабилноста и трајноста, сведок на многу настани низ светот, војни, технолошки напредок, развој. ..




Имала четири деца и многу потомци, но нејзината главна улога во текот на животот била да биде кралица на својот народ.
Прочитајте ги нејзините најпознати и инспиративни цитати , кои се исткаени со многу животна мудрост.




“Секогаш било лесно да се мрази и да се уништува. Да се гради и да се негува е многу потешко!”
“Вреди да се запамети дека често малите чекори, а не големите скокови, ги донесуваат најтрајните промени!”
“Кога во животот е тешко, храбрите не лежат и не прифаќаат пораз, туку се уште повеќе поодлучни да се борат за подобра иднина!”




“Иако сме способни за големи дела на добрини, историјата не учи дека понекогаш треба да се спасиме од самите себе – од своите непромислености или својата алчност!”
“Додека гледам во иднината, воопшто не се сомневам дека единствената сигурност е промената. Но не мислам дека би требало да бидеме претерано загрижени. Можеме да имаме надеж во иднината ако ги сватиме лекциите од минатото!”




“Знаеме дека мирот на земјата и добронамерноста спрема луѓето се најголема награда, но не можеме да ги постигнеме без одлучност и заеднички напор!”
“Дури и кога животот ви се чини многу монотонен тоа што го правите е секогаш со вистинска вредност и важност за вашите блиски!”




“Не знам ниту една формула за успех. Но со тек на годините, приметив дека некои лидерски особини се универзални и често се однесуваат на пронаоѓање на начин да ги охрабриме луѓето да ги здружат своите напори, своите таленти, својот ентузијазам и својата инспирација да работат заедно!”
“Секој е наш комшија, без разлика на расата, вероисповеста или бојата на кожата!”






