Православните верници денеска го слават споменот на чудата на Свети Архангел Михаил




Како што вели легендата, еден човек имал глува ќерка, но и покрај тоа што не бил христијанин, на сон му се јавил Архангел Михаил и му рекол дека ќерка му треба да се измие на некој извор.
Тој го направил тоа, а ќерката се излечила по миењето. По тоа чудо и тој и неговата ќерка се крстиле и на тоа место и ја изградил црквата Свети Архангел Михаил, која постои и денес.




Уште едно чудо што се раскажува до ден денес: По долго чекање, едно семејство добило наследник кој бил глувонем, а покрај тоа, тој бил и со заостанал развој.
Сите ги советувале да се откажат од него, но родителите решиле да се отселат од родниот град и се населиле во село во близина на Минск. Во близина на куќата имало поток во кој момчето паднало додека се движело со својот татко.




Таткото брзо го извлекол, а детето заплакало. Таткото се шокирал и брзо го однел кај сопругата, за и таа да го види чудото.
Родителите го нарекле детето Михаил, во чест на Архангелот, верувајќи дека тоа ќе му обезбеди заштита. Подоцна дознале дека потокот се вика Михаил во чест на Архангел Михаил.




Според црковното предание, ангелот Михаил прв се борел со злиот дух, а тоа име според црковното толкување значи „оној што е како Бог“.
Според верувањето, ако на овој ден се молите за исцелување и им ги простите гревовите на сите неверници, ќе ви се исполни најголемата желба и вашите најблиски и вие ќе бидете здрави.






