Октомври е месец кој носи многу големи шанси и можности да ги зголемите приходите, но најголеми фаворити ќе бидат 4 знаци од хороскопот – најмногу среќа ќе имаат со парите. Еве ги претставниците на знаците.




Конечно, на 3 октомври Меркур престанува да биде ретрограден, што ќе ја отвори финансиската врата на изобилство на сите знаци на хороскопот, без исклучок.
Сепак, астролозите издвоија 4 знаци кои ќе имаат многу повеќе среќа и можности од другите во текот на октомври. Еве ги фаворитите на ѕвездите:




Близнаци
За вашиот знак Меркур е една од најважните планети, па затоа октомври ќе биде добар месец да го промените правецот на вашиот живот. Следниот месец ќе биде добро време да ја испробате среќата во нешто ново.
Астролозите советуваат да не се плашите од промени или непознати работи. Бидете отворени, стекнете искуство, слушајте мудри луѓе. Октомври ви носи и одлична можност да заработите многу повеќе пари од вообичаено, но и да ги потрошите на работи кои ќе ви користат во иднина.




Девица
Силниот Меркур ќе ви ги донесе сите потребни услови за саморазвој. Исто така, под негово влијание ќе носите правилни и важни одлуки и ќе решавате проблеми кои се отворени подолго време.
Октомври е значаен за претставниците на овој знак во финансиска смисла, бидејќи ќе донесе многу големи можности за зголемување на материјалната благосостојба. Можете слободно да инвестирате бидејќи тоа ќе ви донесе голем профит во иднина.




Вага
Во текот на октомври ќе добиете значителна поддршка од Меркур, но и вашиот главен покровител, Венера, е доста силна. Во текот на октомври ќе можете да станете попродуктивни на апсолутно секое поле на работа.
Зголемување на приходите ги чека сите, инспирацијата и мотивацијата ќе бидат на завидно ниво. Особено голем успех ги чека оние кои често патуваат за работа или се занимаваат со креативни занимања.




Јарец
За претставниците на овој знак Венера и Меркур не се најдобри помагачи, но влијанието на овие две планети ќе биде исклучително значајно во наредниот период. Поради ова, тие ќе бидат омилени на среќата, особено кога се во прашање парите.
Јарците ќе можат да достигнат уште повисоко ниво на продуктивност. Ова ќе биде неверојатен месец за нови почетоци и испробување на сè ново, без разлика дали се работи за работа, лични односи или слободно време.




Планетите ја изоструваат вашата интуиција, што многу ќе влијае на носењето навремени и мудри одлуки.


