Доведете ја линијата до совршенство




Бидејќи содржи дури 80 проценти вода, грозјето е совршена храна која придонесува за детоксикација и го забрзува метаболизмот. Ова есенско овошје го „чисти“ организмот од штетните материи и доведува до побрзо согорување на резервите на маснотии.
Со менито дизајнирано од д-р Ана Бинс, позната британска нутриционистка, можете да изгубите и до три килограми неделно без прекумерен труд или жртвување. За време на траењето на оваа диета, неопходно е да се избегнуваат шеќер, сол, грашок, грав, мајонез, квасец и оцет.




Прв ден
Појадок: интегрален леб, две кришки пилешки гради, чаша млеко или јогурт
Ужина: 200 грама црно грозје
Ручек: варено јајце, 250 грама мешан варен зеленчук зачинет со маслиново масло, лимон и оцет, интегрален леб
Ужина: 200 грама бело грозје
Вечера: 150 грама печен говедски стек зачинет со две лажици маслиново масло, 40 грама леб, пире од јаболка




Втор ден
Појадок: 50 грама мусли со јогурт
Ужина: чаша сок од грозје или 150 грама бело грозје
Ручек: 100 грама печено бело месо, 250 грама мешан варен зеленчук зачинет со лажица маслиново масло, лимон и оцет, интегрален леб.
Ужина: 150 грама црно грозје
Вечера: 120 грама ослиќ на скара и 250 грама салата од пченка и морков, зачинета со маслиново масло, оцет и сок од лимон, интегрален леб




Трет ден
Појадок: овошен јогурт
Ужина: 200 грама бело грозје
Ручек: 100 грама тестенини со сос од домати и две лажици рендано сирење
Ужина: овошна салата од јаболка, круши и грозје
Вечера: 150 грама младо сирење, 250 грама мешан суров зеленчук со маслиново масло, лимон и оцет, 40 грама интегрален леб






