Отец Рафаил Карелин велел дека ангелите чувари на другите луѓе ги слушаат молитвите што ги упатуваме за нив! Позитивните зборови и мисли секогаш водат до радост…




„Какви се нашите мисли, таков ни е животот!“ велел отец Тадеј. Со нашите мисли ја создаваме реалноста, атмосферата во животот, енергијата што не опкружува. Мислите се всушност моќта меѓу нас и нашата реалност.
Кога размислувате позитивно, среќни сте, радосни, полесно се фокусирате, а ројот позитивни мисли ни помага да ги отвориме вратите во животот што ги сакаме, додека песимизмот ни ги затвора пред нос.




Многу луѓе преку молитвата ги собираат своите добри мисли, молби, желби и надежи, сето она што ни е блиску до срцето. Се вели дека молитвата е разговор со Бога – се молиме и ја отвораме душата, но што е кога се молиме за другите луѓе?
Кога принесуваме искрена молитва за друга личност, тоа претставува еден од најубавите дела на љубовта. Многу свештеници честопати велат дека треба да се молите повеќе за другите отколку за себе.




Според Евангелието, треба да се молиме и за нашите непријатели, за оние кои не повредиле, за оние кои се на лош пат, а камоли за луѓето кои имаат добри доблести во себе, ни се блиски и ги сакаме со целото наше срце.
Отец Тадеј рекол – „Подгответе го грбот за товарот на оние за кои се молите“. Тоа значи дека вреди да се посветиме на молитвите за нашите блиски луѓе, и да ги кажуваме со многу љубов и вера, искрено од срце.




Архимандритот Рафаил Карелин, свештеник на Грузиската православна црква и теолошки писател рекол:
“Кога човек се моли со сета своја душа за другите, тогаш ангелите чувари на тие луѓе се молат за него. Вашата молитва, како блесок, зајакната од молитвите на Ангелите, се враќа кај вас.”




Кога се молиме за другите, правиме добро, а доброто секогаш враќа добро. Можеби не кога очекувавме, но доаѓа кога е најпотребно.
Ова не значи дека треба да се молиме за другите кои очекуваат нешто за возврат, туку дека знаеме дека позитивните мисли, емоции и зборови на љубов испратени во молитва можат да донесат само добро, и на луѓето за кои се молиме и на нас.






