НИ СТИГНА ЦРНАТА МЕСЕЧИНА – НАЈЗНАЧАЈНИОТ ПЕРИОД ДОСЕГА: Секој знак очекува нешто ВАЖНО, но НЕКОЛКУ мора да бидат највнимателни

Делумно затемнување на Сонцето во знакот Вага ни дојде на 25 октомври 2022 година, а тоа значи целосен пресврт за неколку знаци од Зодијакот

Во астрологијата, ова затемнување се нарекува „Црна месечина“. Во овој период се чувствува силен психолошки притисок и прекумерна емотивност. Исто така, Венера овој ден ќе се приближи до Сонцето, што може негативно да влијае на љубовните врски.

Големиот број на планети во близина на Сонцето сугерира дека ова затемнување ќе биде исклучително значајно и судбоносно. Ќе не принуди да дејствуваме брзо и одлучно, да ги завршиме и прекинеме врските и настаните кои долго време не мачат.

Резултатите од ова затемнување нема да се видат веднаш, туку во следните шест месеци. Еве како ова затемнување ќе влијае на секој знак поединечно:

Овен

Овенот ќе биде сериозно погоден од овој аспект. Некој конечно ќе реши да му признае се на партнерот и да се предаде со целото срце и душа, додека некој очекува ненадеен прекин на врската.

Бик

Овој период ќе биде вистинско изненадување за Биковите. Вашата интуиција е неверојатно силна, сè што некогаш мислевте сега го гледате од друга перспектива. Ќе имате корист од ова.

Близнаци

Ова затемнување може да ги поттикне Близнаците да ги спакуваат куферите и да патуваат, не само за туризам, туку целосно да го свртат својот живот и да ја бараат среќата во друга земја.

Рак

За Раковите ќе дојде одлучувачки момент во бизнисот. Некој ќе најде нова работа, а други, напротив, ќе останат без неа. Што е најважно, овие промени ќе бидат чекор напред за Раковите.

Лав

Лавовите треба да очекуваат изненадувања поврзани со семејството, постарите браќа или сестри. Во нивниот живот ќе се случи неочекувана промена, која ќе се одрази и на овој знак. Не навлегувајте во расправии.

Девица

Девиците треба посебно да внимаваат на своето здравје. Совет е да се посветат на јога или медитација, техники кои ќе им ја намалат напнатоста и ќе ги заштитат од болести. Можно е непланирано патување.

Вага

За Вагите ова затемнување ќе биде најзначајно бидејќи се случува во нивниот знак. Ги очекуваат радикални промени – имиџ, љубов, главни животни принципи… Совет е да се чувате од болести.

Скорпија

Скорпиите ги очекуваат парични проблеми. Проверете ги сите ваши картички и лозинки. Не инвестирајте во сомнителни бизниси и внимавајте на вашиот јазик. Невнимателен збор може да има сериозни последици.

Стрелец

За Стрелецот, затемнувањето првенствено ќе ги погоди помладите браќа и сестри. Помогнете им ако им треба поддршка. Постои можност за интензивно ривалство на работа.

Јарец

Во овој период, Јарците можеа да продадат или купат стан, да се иселат од изнајмен стан или да започнат со реновирање. Можни се и меланхолија, тага и депресија, но овие чувства брзо поминуваат.

Водолија

Претстојат големи промени за Водолиите во семејството, во него влегуваат нови луѓе. Затемнувањето носи и зголемена креативност, зграпчете го вашиот живот и уживајте во него.

Риби

Ова затемнување им го носи најдоброто на Рибите, на работа ги расчистуваат односите со „непријателите“. Тие ќе изгубат, а вие имате постојана можност да се подобрите. Ви треба пауза.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...