Зачинетите домати во тегла,лесно се прават и гарантирано ќе ви се допаднат.




Кога ќе дојде есен, сите со нетрпение очекуваат да направат зимници, потребно е време и труд, но на крај се исплати. Пиперката е главна ѕвезда за зимската сезона, од неа се прават ајвар, пинџур, печени пиперки… но не се лоши ниту доматите .
Ви предлагаме да ги пробате зачинетите домати од тегла, кои ќе ве воодушеват, особено ако сте љубител на зачинета храна.




Состојки:
- 1,2 кг домати
- 1 главица лук
- лути пиперки
- 1 пиперка
- врзка магдонос
- ловоров лист
- 1 лажичка шеќер за секоја тегла
- 1 лажичка сол за секоја тегла
Подготовка:




Исечете го врвот на доматот, а потоа исчистете го лукот и ставете ги во блендер. Додадете магдонос, бибер од кој сте ги извадиле семките, лутата пиперка и убаво изблендирајте.
Во стерилизирани тегли ставете ловоров лист, па наредете ги доматите, одозгора ставете малку смеса од пиперка и лук и прелијте со топла вода. Во секоја тегла истурете шеќер и сол, а потоа ставете ги теглите во тенџере со вода, на чие дно сте ставиле крпа и поклопете.




Гответе 15 минути, а потоа извадете ги и цврсто затворете ги капачките. Да се чува во фрижидер. Постапката е прикажана детално во видеото подолу. Добар апетит!






