Рецепт за домашни крцкави грисини – со хумус или друг намаз ќе биде совршена закуска. Одличен избор за појадок или вечера за целото семејство.




Една од моите омилени домашни закуски. Вкусни, крцкави, многу убави сами по себе, и со малку вегански сос или намаз, често ми се одлична вечера или појадок.
Доколку ве има повеќе во домот, слободно веднаш дуплирајте ја смесата и направете две полни тави гризини, кои ќе ги сака целото семејство.




Рецепт за домашни крцкави грисни
Состојки:
- 150 гр бело пченично брашно
- 50 гр интегрално пченично брашно
- 50 гр пченичен гриз
- 20 g сурови семки од сончоглед
- 20 гр мелено ленено семе
- 15 гр семе од сусам
- 1 лажица сурови семки од тиква
- 5 g сув квасец
- 3/4 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 50 мл маслиново масло
- околу 100 ml топла вода
- масло и вода, за премачкување
- малку морска или хималајска сол за посипување




Начин на подготовка:
Во сува тава напечете го сусамот, а потоа семките од сончоглед и тиква. Потоа малку сомелете ги семките од сончоглед и тиква во електрична мелница за кафе. Во садот за матење просејте го интегралното брашно (и тоа што остана во ситото ставете го во сад), а потоа белото брашно.
Додадете гриз, потпечени семки, ленено семе и сол, па измешајте. Додадете шеќер и квасец, потоа 100 мл вода и масло, почнете да мешате со лажица, а потоа со раце замесете тесто.




По потреба додадете уште малку вода или брашно. Тестото ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу половина час.
Поделете го на 20 топчиња со еднаква тежина (јас користам дигитална кујнска вага за сите стапчиња да бидат со иста дебелина и да се испечат рамномерно). Секое обликувајте го во стап долг околу 20 см, односно широко колку плехот во кој ќе ги печете.




На плех од рерна ставете хартија за печење и наредете ги подготвените грисини. Премачкајте ги со мешавина од вода и масло, посолете малку и ставете ги во рерна загреана на 160 °C.
Печете 20-25 минути или додека не поруменат и не станат крцкави. Тие обично се малку потемни на краевите. Доколку имате остатоци за следниот ден, чувајте ги во сад со капак. Добар апетит!






