Сите знаеме за штетата што ја предизвикуваат пијалоците што повеќето од нас ги консумираат секој ден. Што ќе се случи ако овие пијалоци целосно ги замениме со вода?
Крис Бејли, познат блогер и предавач, одговара на ова прашање. Тој кажува девет добри причини да пиете само вода.
Намалување на тежината: Ако пиеме само вода 10 дена, брзо ќе изгубиме тежина бидејќи ќе согориме толку многу калории, како да трчаме по 8 километри секој ден.
Зајакнување на метаболизмот и протокот на енергија: Само една чаша вода наутро на празен стомак го забрзува метаболизмот за 24 проценти. Што ќе се случи со нашето тело ако пиеме вода цел ден!
Мозокот работи подобро: Околу 75-85 проценти од човечкиот мозок е вода. Пиејќи само вода секој ден, не само што даваме „гориво“ на мозокот, туку и ја подобруваме концентрацијата.
Јадеме помалку: Водата го потиснува апетитот, помагајќи ни да одржуваме добра форма и да се бориме со вишокот килограми.
Ги чисти токсините: Водата ги „чисти“ екскреторните и дигестивните системи, што ни помага да се ослободиме од големо количество токсини натрупани во организмот.
Се бориме со разни болести: Водата го регулира крвниот притисок, се грижи за добрата состојба на мочниот меур, спречува појава на рак на дебелото црево.
Срцето работи подобро: Четири чаши вода дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за дури 41 процент.
Кожата е помлада: Водата ја хидрира кожата одвнатре, правејќи ја почиста, помека, помлада…
Заштедуваме пари: Водата е многу пати поевтина од сите други пијалоци што ги консумираме секој ден.


