Покрај класичниот џем од сливи, дуња и кајсии, време е да пробате и нешто ново. Со само пет состојки ова е лесно да се направи, а уште подобро да се јаде.
Рецепт за мајмунски путер
Состојки:
5 совршено зрели банани со средна големина (без кафени дамки)
500 гр конзервиран дробен ананас (неисцеден)
1/4 чаша кокос
3 чаши бел шеќер
3 лажици флаширан сок од лимон
Постапка:
За почеток, излупете ги и исечете ги бананите, а потоа ставете ги во голем сад. Додадете ги другите состојки и оставете да зовријат, мешајќи постојано.
Откако ќе зоврие, намалете ја температурата на тивок оган и варете додека не се згусне, постојано мешајќи.
Кога смесата правилно ќе се згусне, ставете ја во стерилизирана стаклена тегла со лажица и оставете да се излади.
Чувајте ги теглите во фрижидер и користете ги во рок од 4-6 недели. Сокот од лимон во рецептот ќе ги задржи бананите свежи.
Ако сакате да го конзервирате овој џем, имајте на ум дека бојата нема да биде жолта туку розова.


