Без висење над тавата: Овие вкусни тиквички како да се прават сами

Летото сеуште е во полн ек и имате време да уживате во вкусни јадења од свеж сезонски зеленчук. И бидејќи едни од омилените јадења на сите нас ни се тиквичките, ќе ве воодушевиме со нова верзија на класичниот рецепт за нивна подготовка.

Денес ќе ви кажеме како брзо и лесно да направите печени тиквички на малку понеконвенционален начин. Што ја прави подготовката на ова едноставно јадење толку уникатна?

Најмалку фактот дека нема да мора да ја чистите целата кујна од прскања со масло што летаат од тавата во сите правци. И не треба да висите над шпоретот со часови!Се е брзо и лесно. И крајниот резултат нема да ве разочара.

Потребни производи:

  • 2-3 тиквички
  • 100 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • зачини по вкус
  • 4 лажици масло за готвење

Начин на подготовка:

Тиквичките добро измијте ги и исушете ги со домашна хартија. Потоа исечете ги на кругови дебели 0,5-1 см.

Земете сад со капак што ќе можете цврсто да го затворите и истурете го брашното во него. Додадете сол, вашите омилени зачини, измешајте се добро и ставете ги тиквичките внатре.

Потоа покријте со капак и добро протресете неколку пати, така што тиквичките рамномерно се покриени со брашно од сите страни. Загрејте ја рерната на 230 степени.

Земете соодветен плех и покријте го со хартија за печење. Намажете ја со масло за готвење и наредете ги тиквичките една до друга.

Печете 7 минути. Потоа извадете го плехот, внимателно свртете ги тиквичките со шпатула или вилушка и вратете ги во рерна уште 5-7 минути.

Кога тиквичките ќе се покријат со апетитна златна кора од двете страни, можете безбедно да ги извадите и сервирате. Јадењето ќе стане уште попривлечно и вкусно ако го посипете со свеж копар и малку лук. Уживајте!

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...