Ако имате проблем со заспивање, вечерното смути ќе ви помогне полесно да заспиете.
Општо е познато дека цеденото овошје е идеално за почетокот на денот, бидејќи најголемиот извор на витамини и хранливи материи, шејковите ги препорачуваат сите лекари и нутриционисти.
Доколку сте љубители на помешано и исцедено овошје и во исто време имате проблем да заспиете силно, тогаш оваа вест ќе ве израдува. Неодамна беше откриено дека мешавина од одредени овошја и зеленчуци, исто така, може да биде одлична за правење пијалок кој е идеален за спиење и добар сон.
Подготовка:
Некои видови храна, како што се бананите, содржат триптофан, додека други природно предизвикуваат лачење на мелатонин (цреши), додека други се идеален извор на омега-3 киселини (на пример, бадеми). Затоа, мешавина од овие состојки може да биде одлична за поттикнување на добар сон.
Се што треба да направите е да измешате вишни, киви, банана, бадеми и кале – зелка, да додадете малку мраз и бадемово млеко – и ќе добиете вкусен пијалок за добра ноќ.
„Вечерното“ смути најдобро е да се пие половина час пред спиење.
Исклучете го компјутерот, спуштете го телефонот, пијте пијалак и заспијте со добра книга. Верувајте, конзумирањето на ова вкусно смути ќе ви стане омилена вечерна рутина.


