Дали сте пробале лимонада од лубеница?




Лимонадата од лубеница би можела да ви биде новиот омилен летен пијалок.
Состојки:
- 8 чаши парчиња лубеница без семки
- 1/4 чаша свежо исцеден сок од лимета
- 1/4 лажичка екстракт од ванила




Подготовка:
Во блендерот ставете половина од парчињата лубеница и матете на најголема брзина 15 секунди. Истурете го напитокот во калапи за мраз и оставете го во замрзнувач три часа да се замрзне.
Останатите парчиња лубеница ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете еднолична конзистентност. Во смесата додадете ги замрзнатите коцки лубеница, сокот од лимета и екстрактот од ванила и повторно изблендирајте во блендер дополнителни 10 секунди.




Послужете со оброк, како десерт или во високи чаши со украси. Добар апетит!


