Дали и Вие правите грешка? Ова се утринските навики поради кои ќе бидете уморни во текот на целиот ден

Некои утрински навики можат да влијаат на енергијата во текот на денот. Залудно не се вели „денот по утрото се познава“ бидејќи утринските навики можат значително да влијаат на тоа како ќе се чувствуваме во текот на денот.

Веројатно едно од најлошите чувства е будењето уморни, без никаква енергија за извршување на сите работни задачи што ве чекаат во текот на денот. Меѓутоа, наместо да го одложите алармот за спиење „само уште пет минути“, или да пиете кафе на празен стомак за брзо да се разбудите, ви предлагаме да го направите токму спротивното. Токму овие навики прават да се чувствувате уморно во текот на денот.

Одложување на алармот

Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „одложи“, се мешате во фазата на РЕМ спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза на спиење, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано.

Покрај тоа, може да заспиете за време на доцнењето на алармот, што доведува до одложувања, неисполнување на работните обврски и договорени планови, што ќе ве направи мрзеливи и многу нервозни.

Покрај тоа што е пожелно да станете штом ќе заsвони алармот, експертите советуваат секој ден да се будите приближно во исто време, за да се разбудите со леснотија.

Лежење во кревет

Оние дополнителни пет минути излежување во кревет нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетусот предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши.

Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете по целиот кревет веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа.

Ејми, исто така, тврди дека луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се исклучително среќни.

Прво утринско кафе

Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, пиењето веднаш по будењето може да има спротивен ефект.

Кофеинот го удвојува нивото на хормоните за стрес и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.

Лекарите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадок, и никогаш на празен стомак.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...