ДИЕТАТА СО ЗЕЛКА Е ВИСТИНСКИ ХИТ СО ДЕЦЕНИИ: Сите што ја пробале велат дека е НАЈЕФИКАСНА

Ви пренесуваме детално мени според диетата со зелка за 7 дена

Диетата со зелка, според нутриционистите, е многу здрав начин на исхрана. Застапени се сите потребни намирници за нашиот организам, за тој да функционира правилно. А оние кои го пробале тврдат дека е многу ефикасен за губење на вишокот килограми!

Најважниот оброк во текот на денот е нискокалорична супа од зелка, која промовира брзо согорување на мастите.

Начин на подготовка:

Зеленчукот исечкајте го на коцки, вклучувајќи моркови, зелени пиперки, кромид, домати, печурки, зелка и целер. Во тава ставете го кромидот и малку масло и динстајте неколку минути. Потоа додадете го сечканиот зеленчук.

Ставете 6-7 чаши вода во тенџере и оставете да зоврие. Намалете ја температурата на средно и оставете го зеленчукот да се готви. Гответе додека зеленчукот не омекне, едно 30-45 мин. Можете да додадете сол и бибер по желба.

СЕДУМ ДНЕВЕН ПЛАН ЗА ДИЕТАТА:

Прв ден
Супа од зелка и овошје по избор, само банани не се дозволени. Пијте многу течности, се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе.

Втор ден
Супа и зеленчук, количината не е ограничена, важно е да не се чувствувате гладни. Јадете зелен зеленчук и избегнувајте пченка, грашок и други мешунки.

Можете да печете компири за вечера. На овој ден е забрането да се јаде овошје.

Трет ден
Со супа од зелка, можете да комбинирате овошје и зеленчук по ваш избор, но не и храна која содржи многу јаглехидрати (на пример, компири).

Четврти ден
Покрај супа од зелка, можете да изедете најмногу четири банани, а неограничени количини млеко со малку маснотии.

Петти ден
Задолжителна е супата од зелка, а дозволен е еден оброк од 300-500 грама посно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимум шест домати).

Во текот на денот треба да пиете од 1,5 до два литри вода, што ќе го подобри исфрлањето на вишокот киселина од телото.

Шести ден
Најмалку една порција супа од зелка, посно пилешко или говедско месо и многу зеленчук. Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир.

Седми ден
А последниот ден од диетата е задолжителна супа од зелка, а гладот ​​можете да го задоволите со порции интегрален ориз и зеленчук. Дозволено е да се пие незасладен овошен сок.

ВАЖЕН СОВЕТ:

Оваа диета се препорачува да се следи 7 дена, по што би било препорачливо да се направи пауза од два дена.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...