Сливите се добро познат лаксатив.




Во оваа сезона од годината кога веќе сливите полека созреваат ви предлагаме многу лесен и едноставен рецепт за свеж и здрав почеток на денот.
За овој рецепт – Смути од сливи ќе ви биде потребно:
- 3 поголеми сливи
- 60 мл сок од јаболко
- 25 гр замрзнати боровинки
- цимет по вкус
- ледени коцки




Начин на подготовка:
Исчистете ги сливите, отстранете ги семките и исечете ги на коцки. Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете мазна смеса.
Истурете во чаши, додадете уште неколку свежи, сецкани сливи и уживајте во овој освежителен пијалок.






