Доколку сте љубители на сладолед, обидете се сами да го направите овој летен овошен десерт, без шеќер, за да се разладите во топлите денови без грижа на совест. Еве како се прави во продолжение…




Кога температурите почнат да надминуваат триесет степени, размислуваме само како да се оладиме. Сладоледот е вистински спас, а сите го сакаат, од мали до големи!
Наместо индустриски ледени колачи кои се полни со шеќер, направете си освежителен овошен сладолед, без вештачки шеќери, адитиви и засилувачи на вкус. Потребни ви се само силиконски калапи и неколку минути.




Потребни состојки:
- 1 чаша сечкани праски
- 1 банана
- 2 лажици грчки јогурт
- Лажичка мед
Начин на подготовка:




Сите состојки блендирајте ги во блендер. Ако сакате да биде покремасто, додадете повеќе јогурт, ако сакате послатко додадете уште малку мед. Истурете ја смесата во силиконски калапи.
Доколку сакате малку повеќе да се забавувате со декорацијата, во средината на калапот можете да ставите едно црвено овошје (малина или јагода) и повторно да го прелиете со смесата. Оставете во замрзнувач неколку часа, а потоа уживајте во совршеното летно уживање!




Погледнете уште една идеја за правење на протеински сладолед со бобинки во видеото подолу:
@jalalsamfit Super easy to make and very versatile, use any fruit! #icecream #healthydessert #dessert #healthyfood #easyrecipes #tiktokfood #quickrecipes


