Денес Ви предлагаме да уживате во чоколаден десерт. Како би реагирале доколку ви кажеме дека е можно да направите вкусна чоколадна торта за само една минута?
Да, сериозно! Наидовме на оваа техника и одлучивме да го споделиме со вас рецептот за ова слатко задоволство. За ова ќе ви треба чаша во која ќе ја направите оваа инспиративна лесна и брза торта, малку трпение и следниве производи:
✔ 3 лажици какао во прав
✔ 3 лажици брашно
✔ 1/4 лажичка сол
✔ 3 лажички кафеав шеќер
✔ 1/3 лажичка прашок за пециво
✔ 2 лажици масло
✔ 3 лажици пресно млеко
✔ 1/2 лажичка ванила
Во соодветен среден сад, измешајте ги сувите состојки од списокот (какао, брашно, сол, кафеав шеќер, прашок за пециво, ванила) и добро измешајте. Потоа додадете млеко и масло и повторно измешајте до хомогена конзистентност.
Пренесете ја добиената мешавина во соодветна чаша, чие дно и sидови претходно сте ги подмачкале со масло и ставете ја 40-50 секунди во микробранова печка. Еве го готовиот брз десерт.
Можете да го јадете уште веднаш, но не заборавајте да го извадите од жешката чаша. Ако почекате некое време додека не се излади во садот, тогаш можете да го извадите на чинија, така што тој ќе ја задржи пријатната тркалезна форма и ќе биде совршен за консумирање.
По желба, можете да направите глазура со течно чоколадо кога веќе сте ја извадиле мини тортата од чашата. Добиената порција е за едно лице, но на ист начин можете да направите мини колачи за вашиот партнер, за целото семејство, за гостите што ги очекувате.
Неверојатно е, нели? Кој рече дека добрите работи се случуваат бавно? Еве го доказот – едноминутно слатко искушение.


