Сокот од бозел не чини многу, и има одличен вкус.




Цветовите на бозелот се берат за време на сончево време и само оние целосно расцутени со жолт сладок прав. Внимавајте каде ќе го берете, загадените места и канали во никој случај не се добра опција, потрудете се и најдете незагадена грмушка од оваа миризлива и лековита убавина.
Од нив можете да направите домашен сируп и секогаш да имате подготвен сок кој не само што освежува, туку и го чисти организмот.




Потребни состојки:
- 30 цветови бозел
- 3 литри вода
- 40 гр лимонтус
- 3 лимони
- 3 кг шеќер
Начин на подготовка:




Цветовите бозел потопете ги во вода, а потоа истурете лимонска киселина и лимон исечен на парчиња. Добро промешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.
Следниот ден процедете ја течноста, па додадете го шеќерот и убаво измешајте, па оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање. После тоа, по потреба, уште еднаш процедете го сирупот и истурете го во стаклени шишиња.




На овој начин можете да го чувате до една година на ладно и темно место.


