Напиток за слабеење во пределот на стомакот – еликсир од 4 состојки го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ги топи масните наслаги!




Процесот на слабеење може да биде посебен предизвик, но со урамнотежена исхрана, физичка активност, мотивација и природни помагачи, можно е да се постигне саканата тежина.
Еден од големите помагачи во топењето на масните наслаги е напитокот кој ги топи масните наслаги од желудникот, а се подготвува од целосно природни состојки.




Можно е некои од состојките веќе да ги имате во вашата кујна, а главната е лимонот, цитрус кој го поттикнува согорувањето на масните наслаги, ја регулира телесната тежина и апетитот, содржи полифеноли и пектин.
Дополнителна состојка во напитокот за слабеење се стапчињата цимет кои го регулираат нивото на шеќер и инсулин во крвта и го намалуваат ризикот од таложење на маснотии.




Комбинацијата на лимон и цимет во овој еликсир би била нецелосна без ѓумбир, магичен корен за здравје кој ги детоксицира цревата и целото тело и согорува калории.
Потребни состојки:
- 1 органски лимон
- 1 стапче цимет
- корен од ѓумбир (долг околу 5 см)
- мед
- 500 мл вода




Начин на подготовка:
Исечете го лимонот на помали парчиња, исцедете го сокот од него и чувајте го во сад. Исечкајте го стапчето цимет и кора и исечкајте го и коренот од ѓумбир. Сите состојки се ставаат во тенџере, па се налеваат 500мл вода и се варат.
Кога ќе зоврие, тргнете го од оган, истурете во шолја, додадете го преостанатиот сок од лимон и засладете со една лажичка мед. По желба во напивката можете да додадете и малку мелена лута пиперка која ги согорува мастите и го поттикнува метаболизмот.




Освен за слабеење, овој напиток е добар и за зајакнување на имунитетот, за здравјето на срцето, за варење, за намалување на надуеноста и за чистење на кожата. Сепак, не се препорачува за луѓе кои имаат гастритис, чувствителен стомак или болести на дигестивниот систем.
Напомена: Пред да го конзумирате напитокот, консултирајте се со вашиот лекар.






