НАПРАВЕТЕ ПЕГЛАНИ ПИПЕРКИ ПО СТАР РЕЦЕПТ: Се прават брзо и без конзерванси, а вкусот е просто НЕВЕРОЈАТЕН

Највкусните печени пиперки ќе Ви станат омилен дел од зимската сезона!

Подготовките за зимската сезона се во полн ек, а ние ви пренесуваме вкусен рецепт со црвени пиперки на кои никој не може да им одолее! Покрај тоа, многу лесно се прават, па нема да ви одземат многу време, а цела зима ќе имате неверојатен прилог!

Потребни состојки:

  • 5 кг црвени пиперки
  • 100 гр шеќер
  • 500 мл масло
  • 2 глави лук
  • 500 мл оцет
  • 200 гр сол
  • една врзка магдонос
  • 1 лажичка бибер во зрна

Начин на подготовка:

Добро измијте ги пиперките и извадете ги семките. После тоа, исечете ги на малку подебели ленти. Потоа наредете еден ред пиперки, па посипете со сол и шеќер, па сè прелијте со оцет и масло.

Потоа повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки. Оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или преку ноќ. Кога ќе омекнат, наредете ги во стерилизирани стаклени тегли, каде меѓу нив ќе додадете магдонос, лук и зрна бибер.

На крај сите пиперки покријте ги со смесата која остана од пиперките и притиснете ги со пластична решетка. Чувајте ги на темно и ладно место!

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...