Јули и август мирисаат на џемови кои ги подготвуваме од сезонското овошје кое го имаме на располагање….




Нема добри домашни крофни или палачинки без вистински, рачно направен џем од кајсии по традиционални рецепти кои сме ги наследиле од нашите баби…
Потребни состојки:
- 1600 грама кајсии
- 1 кесичка згуснувач (фиксатор за џемови)
- 700 грама шеќер




Начин на подготовка:
Измијте ги кајсиите, извадете ги семките и исечете ги на половини или коцки. Фиксаторот за џемови измешајте го со шеќер, па додадете го во овошјето и убаво измешајте.
Можете да ги здробите со раце, за кајсиите да го испуштат сокот кој е неопходен за готвење. Смесата од овошје гответе ја на силен оган со постојано мешање. Додека готвите, извадете ја пената и веднаш истурете во теглите.




Затворете ги со капаци на завртување, свртете ги наопаку и оставете ги да отстојат околу 5 минути на капакот. Процесот на готвење на џем трае околу 40 минути.


