Овој ајвар може да трае до следната година! Откако го споделивме најпопуларниот рецепт за подготовка на ајвар, многумина сакаа да знаат како се прави со бабури.
Еве го оригиналниот рецепт од 70 -тите: Измијте ги крупните меснати бабури, и кога ќе се исушат од вода, печете ги во рерна. Испечените бабури олупете ги и ставете го во цедалка да преноќат.
Следниот ден исчистете ги од дршките, потоа ситно исечкајте ги со остар нож на даска, посолете и ставете ги во шерпа. Потоа ставете ја шерпата на загреан шпорет да се пржат пиперките.
Мешајте ги пиперките постојано со дрвена лажица додека не зоврие сокот, кој што се создава од пиперките. Сега загрејте ги теглите, потоа истурете го целосно испржениот и без сок топол ајвар.
Покријте ги теглите веднаш – прво со чиста бела крпа, потоа со влажна бела хартија за печење. Вака покриените тегли ставете ги во млака рерна, а наутро избришете ги и ставете ги таму каде што е остатокот од зимницата.
Ајварот оставен на овој начин може да се чува до следната сезона.
Пријатно!


