Направете домашно слатко од грозје по старински рецепт од нашите баби.




Доколку сте љубител на слатко, овој рецепт и вас ќе ве израдува. Слаткото од грозје често го подготвувале нашите баби, а ние ви пренесуваме докажан начин на правење кој гарантира неодолив вкус, а сигурно ќе побарате лажица повеќе.
Потребни состојки:
- 1 кг бело грозје
- 1 кг шеќер (за поздрава верзија, можете да користите и кафеав шеќер)
- 100 ml вода
- еден лимон




Како да го подготвите?
Грозјето исчистете го од дршките, убаво измијте го и оставете го да се исцеди. За тоа време, истурете шеќер во широк сад. Додадете вода и загрејте на умерен оган со постојано мешање додека не се раствори шеќерот.




Пред да почне да се карамелизира, додадете го грозјето. Внимавајте грозјето да биде убаво покриено со шеќер, па добро измешајте. Задолжително отстранете ја пената што се формира за време на готвењето.
Готово е кога ќе го зацрпете со лажица и тоа не тече. На самиот крај на готвењето додадете исечкан лимон. Потоа варете го уште пет минути и тргнете го од шпоретот.




Слаткото истурете го во претходно стерилизирани загреани тегли, затворете го капакот, покријте ги со ќебе и оставете ги целосно да се изладат. После тоа, чувајте ги на темно и ладно место. Начинот на подготовка на слаткото е прикажан подолу во видеото.






