Кујнскиот сунѓер е еден од највалканите предмети во куќата.




Користениот сунѓер за садови е веројатно највалканото нешто што го имате во куќата, бидејќи собира повеќе бактерии отколку тоалетна чинија. Затоа, се препорачува да се менува што е можно почесто – барем еднаш неделно.
Како и да е, според неодамнешното истражување објавено во списанието Journal of Environmental Health, рокот на траење на кујнскиот сунѓер може да биде до три недели, доколку се одржува правилно.




Затоа дезинфекцијата е многу важна, и само при високи температури, за да бидете сигурни дека сте ги убиле сите бактерии.
Треба да истурите вода во поголем сад, да додадете лажичка прашок за перење или сода бикарбона, да почекате да зоврие водата и да го ставите сунѓерот.




По неколку минути, намалете го огнот и оставете го да зоврие уште десет минути во врела вода. После тоа, отстранете го тенџерето од шпоретот, исцедете ја водата и оставете го сунѓер да се исуши на сонце.
На овој начин, исто така, можете да ги дезинфицирате сунѓерските крпи за апсорпција на вода.






