Кога ќе завршите со подготовка на ајварот и другата зимница, започнете со подготовка на ловечката салата.




Се прави од се што ви остана – пиперки, домати, модар патлиџан, со додавање моркови и кромид и лук.
Подготовката е многу едноставна, а вкусот уникатен – нешто помеѓу ајвар, лутеница и пинџур.




Состојки: 1 л сок од домати, 2 кг црвен пипер, 500 гр кромид, 500 гр морков, 100 гр сол, 100 гр шеќер, 100 мл јаболков оцет, 100 мл масло, 2 лажици сушен лист од магдонос, ловоров лист, по желба 6 чешниња лук , кесичка конзерванси.
Подготовка: Сомелете го кромидот и додадете го во сокот од домати. Гответе половина час на средна топлина. За тоа време, исчистете ја и исечете ја пиперката на коцки, а морковот на прстени.




Подгответе го лукот и измелете го. По половина час готвење на доматите и кромидот, додадете сецкани пиперки, моркови, лук, ловоров лист и истурете го маслото, оцет, сол и шеќер.
Промешајте и оставете да се готви помеѓу 90 и 120 минути, во зависност од тоа колку течност има, колку е сочна пиперката, како и јачината на шпоретот. По час и половина, проверете ја густината, дополнително ќе се згусне кога ќе се излади.




Густината треба да биде нешто како ајвар. Ловоровиот лист може да се отстрани. Тргнете го од оган, додадете го магданосот и конзерванс, промешајте и оставете 10 минути. Од оваа мерка се добиваат 5 големи тегли и една мала.
Наредете ги теглите на плех, вклучете ја рерната на 60 степени и загрејте ги теглите. Истурете малку салата во загреаните тегли, малку во секоја, и додајте ја до крај.




Покријте со целофан, ставете ластиче и потоа капачките. Оставете таму каде што обично го одржувате остатокот од зимницата.


