ПО 6 МЕСЕЦИ ПЛУТОН ТРГНУВА ДИРЕКТНО НА 8 ОКТОМВРИ: Планетата на моќта и контролата носи големи промени – еве што го чека Вашиот знак

По долг период на ретроградност, Плутон ќе оди директно на 8 октомври 2022 година. Ова ќе донесе промени на многу знаци – еве неколку од нив.

Плутон е планетата која владее со моќта, контролата, трансформацијата и елиминацијата, што во астрологијата е поврзано со големи пресврти и промени. По долг период на ретроградност, за време на кој бевме повеќе склони да се затвораме во себе и да ги криеме нашите вистини и желби, Плутон директно ќе се движи на 8 октомври во знакот Јарец.

Неговото вакво движење нè поттикнува да се соочиме со најмрачните тајни на себе и на другите. Сепак, многумина ќе имаат чувство дека настаните излегуваат од нивна контрола и дека, на некој начин, им се наметнуваат промени.

Бидејќи Плутон е во знакот на Јарец, главните промени кои ќе се случат на лично ниво ќе се однесуваат на преобликувањето на структурата на нашите животи – тоа ќе не поттикне да го промениме начинот на кој работиме или начинот на кој ги планираме нашите активности.

Треба да научиме да го прифаќаме она што се случува околу нас. Колку повеќе се бориме против неизбежните промени што доаѓаат, толку потешко ќе го правиме тоа, бидејќи нема смисла да се спротивставиме на неизбежните промени.

Еве како директното движење на Плутон ќе влијае на хороскопските знаци:

Овен

Доаѓаат промени во вашиот професионален живот и кариера. Без разлика дали ја барате оваа промена или не, ќе мора да се прилагодите на неа.

Бик

Верувањата и предрасудите прават да се чувствувате несигурно и да ги доведувате во прашање вашите способности, знаење и вашето место во светот. Не се откажувајте, само продолжете напред!

Близнаци

Прифатете ги промените кои се неизбежни, но и помагаат полесно да се справите со нив.

Рак

Односот со најблиската личност се менува, без разлика дали ви се допаѓа или не. Обидете се да останете смирени, да не паничите или да го обвинувате партнерот за тоа што се случува.

Лав

Вашата потреба за внимание во голема мера влијае на тоа како другите ве доживуваат. Сјајот ви згаснува, па се што треба да направите е да го преболите вашето помодрено его и да продолжите понатаму.

Девица

Нешто или некој со кој сте биле опседнати може да испадне разочарување во овој период. Ова ќе доведе до големо разочарување. Сепак, тоа не значи дека никогаш повеќе не треба да верувате никому.

Вага

Семејните промени се зад аголот, без разлика дали сте сакале или не. Новите околности може да направат да се чувствувате непријатно, но може да откриете дека сè ќе оди подобро отколку што некогаш сте замислиле.

Скорпија

Луѓето престанаа да ве слушаат затоа што постојано ја раскажувате истата приказна – сменете нешто, бидете креативни, излезете надвор од зоната на удобност.

Стрелец

Вашата финансиска состојба се менува. Нешто подобро доаѓа, само треба малку повеќе трпение и верба.

Јарец

Кога Плутон се движи низ вашиот знак, она што суштински се менува сте вие! Растете и се развивате и можеби се претворате во некој што никогаш не сте знаеле дека можете да бидете. Ова е многу позитивно влијание, не плашете се.

Водолија

Вашата врска со светот околу вас се менува – понекогаш барате многу од другите, а понекогаш сакате само да ве остават на мира. Научете да бидете пофлексибилни.

Риби

Вашиот социјален свет се менува толку многу што ги менувате моделите на однесување и оставате група луѓе во кои сте биле дел. Колку и да е непосакувана оваа промена, вие чувствувате дека е за ваше поголемо добро, а тоа е.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...