ПРЕВРТЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА ЗА ЧИЈА ПОДГОТОВКА СЕ ПОТРЕБНИ 10 МИНУТИ: Мек, миризлив и сигурно успева од првиот пат

Мека и вкусна торта со јаболка која лесно се прави, а сигурно нема да можете да застанете на само едно парче

Едноставен колач со јаболка кој можете да го направите без премногу мака, а е совршено вкусен. Ќе им успее и на оние кои немаат големо искуство во кујната, а сигурно сите ќе побараат парче повеќе.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 75 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 150 гр брашно
  • 100 гр стопен путер
  • 3 јаболка
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Прашокот за пециво измешајте го со брашното и постепено додавајте го во јајцата. Цело време матете. Потоа додадете го растопениот путер и исто така измешајте го.

Излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Подмачкајте го калапот и ставете ги јаболката (по желба посипете ги со шеќер или цимет. Истурете го тестото врз јаболката, израмнете ги.

Печете во загреана рерна на 180°C 30-45 минути (времето на печење може да варира, направете проба со чепкалка за заби пред да ја извадите тортата од рерна. Готовиот колач посипете го со шеќер во прав.

Погледнете како изгледа детално постапката на подготовка на колачот со јаболка подолу во видеото. Добар апетит!

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...