Мафините се прават лесно и брзо, па често се сеќаваме на нив кога ни се јадат слатки.
Потребни состојки:
1 чаша кремаст путер од кикирики
2 зрели банани
¼ чаша јаворов сируп или мед
1/3 чаша какао во прав
Загрејте ја рерната на 175 степени. Сите состојки ставете ги во блендер и соединете ги сите состојки. Откако ќе ја добиете смесата, наредете ја во калапи за мафини што претходно сте ги обложиле со соодветните хартиени корпи.
Ставете ги мафините на плехот во загреана рерна 15 минути. Оставете ги да се изладат 15 минути пред да ги извадите од калапот. Добар апетит!


