Денот на венчавката на 21-годишна жена од Египет се претвори во вистинска трагедија. Еден час по завршувањето на прославата, невестата паднала на земја и починала, пишува Daily Mirror.
По прославата, Исра Шабан отишла кај својот сопруг. Младата жена се пожалила на замор и болка во градите, а потоа се онесвестила и дури и не стигнала да ја соблече венчаницата. Набргу потоа, Исра се освестила и ги замолила роднините да не ја напуштат.
Шокираните соседи велат дека слушнале врисоци што доаѓаат од домот на младенците. Шабан итно била префрлена во болница, каде лекарите и дијагностицирале срцев удар.
Обидите на медицинските лица да ја вратат во живот пропаднале и младата жена починала. Ненадејната смрт на невестата го шокираше нејзиното семејство и пријателите.
На нејзиниот погреб се собрале многу луѓе од селото за да ја испратат за последен пат и да го поддржат нејзиното семејство. „Вчера присуствувавме на свадбата на Исра, каде што сите беа среќни, а денес ја погребавме“, рекол братучедот на невестата.


