Кога станува збор за опремување на домот, треба да се грижите за боите – еве кои смируваат, опуштаат и внесуваат хармонија во просторот за живеење




Ако сте постојано под стрес, напнати и уморни, обидете се да се опуштите што е можно повеќе и да ги правите работите што ги сакате. Еден начин е да го претворите просторот за живеење во место кое ќе биде оаза на релаксација и мир, каде што сè ќе биде во склад и хармонија.
За да го постигнете ова, не треба да купувате нов мебел – доволно е, за почеток, да го ослободите просторот од вишокот работи, да му дозволите да дише, што ќе го овозможи протокот на добра енергија (чи енергија според филозофијата на фенг шуи).




Кога ќе ги исфрлите вишокот работи, единствената инвестиција може да биде бојадисувањето. Експертите препорачуваат зелена боја, но нејзиниот ефект зависи од избраната нијанса. Може да биде и релаксирачки и оживувачки.
Ако ви треба релаксација, изберете посветли и пригушени нијанси како маслинесто или пастелно, но не премногу светли. Познато е дека зелената боја го ублажува заморот на очите, поради што често може да се види во библиотеките и читалните.




Може да ви помогне да ги решите проблемите со спиењето, т.е. со несоница, па затоа е одличен избор за спалната соба. Зелената боја на тревата може делумно да го компензира недостатокот на природна средина за жителите на градот кои поминуваат време во сивилото на бетонот и станбените блокови.
Зелената е ладна боја, па затоа добро се комбинира со топлите бои за да создаде пријатна атмосфера. Совршено се совпаѓа со бојата на дрвото, а тоа е нешто што верно ја имитира природната, шумска средина и овозможува целосна релаксација.




Одлична комбинација е за спалната, но и за дневната соба. Во комбинација со сива, зелената има и смирувачко дејство. Доколку сакате доза топлина, комбинирајте ја со нежно розова или пудра и беж нијанси.
Доколку вашите ѕидови се во неутрална боја, зелената можете да ја имплементирате во форма на детали – теписи, завеси, постелнина, покривки…




Која е најдобрата комбинација на бои за во внатрешноста, погледнете во видеото подолу:
@wafaghaoui_designs #نصيحة_اليوم #نصائح_ديكور #ديكور #ديكورات #decortips #interiordesigner #dubaiinteriordesigner #decortrendy2022 #homedecor #ديكورات_حديثة #ديكورات_منزل






