Симптоми на дијабетес тип 1 за кои секој треба да знае

Дијабетес тип 1 е автоимуна болест која се јавува кога панкреасот престанува да произведува инсулин. Тогаш имунолошкиот систем ги напаѓа и уништува клетките на панкреасот кои го произведуваат овој хормон, кој е одговорен за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта.

И кога телото не произведува инсулин, крвта станува поконцентрирана (погуста), а клетките не добиваат доволно шеќер, односно енергија. Повеќето од симптомите на дијабетес тип 1 се очигледни, но понекогаш толку банални, што последното нешто што го мислиме е дека всушност имаме дијабетес. Подолу ви откриваме кога сепак е потребно да се консултирате со лекар.

Симптоми на дијабетес тип 1

1. Често мокрење

Тоа е еден од трите најчести симптоми на дијабетес тип 1. Без инсулин, имено, шеќерот се собира во крвотокот и го згуснува. Бубрезите, филтрите на телото, отстрануваат се што не му припаѓа на телото. Значи, кога имаме премногу шеќер во крвта, бубрезите реагираат на овој начин – со почесто мокрење.

2. Зголемена жед

Полидипсија, односно зголемена жед, настанува поради симптомот број 1. Почестото мокрење доведува до дехидрација и потреба од вода. И премногу вода доведува до почесто мокрење и така во круг.

3. Губење на тежината

Клетките без шеќер гладуваат. И тогаш телото почнува да согорува маснотии и да ги користи мускулите за да добие енергија. Ова предизвикува нагло губење на тежината.

4. Замор

Кога телото се напаѓа себе, многу е тешко да се најде енергија за секојдневните активности. И за оние со дијабетес тип 1, телото буквално нема енергија.

5. Овошен мирис на урината и здивот

Кога на телото му треба нов извор на енергија, тоа бара извор на енергија во масни киселини. Еден од производите на распаѓање на масни киселини е ацетон. Токму него го чувствувате во здивот и урината.

6. Абдоминална болка

Кога телото влегува во кетоацидоза, односно кога лачи поголеми количини на киселини (кетони) во крвта, има болки во стомакот. Покрај тоа, се јавуваат болки во градите, гадење, повраќање, брзо дишење и вртоглавица. Во овој случај, задолжително е да се оди на лекар.

7. Заматен вид

Колку е поголема концентрацијата во крвта, толку поголема количина вода излегува од органите. А високото ниво на гликоза во крвотокот предизвикува промени во самото око и доведува до „замаглување пред очите“.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...