Колку пати ви се пријадува пица, но само со замислување колку долго треба да ја готвите и да го месите тестото, се откажувате. Што ако ви кажаме дека постои начин да направите уникатно вкусна пица за само 5 минути во тава?
Воопшто не претеруваме, ова е апсолутно можно. Доказ е новиот рецепт на социјалната мрежа „TikTok“, кој стана апсолутно вирален и кој ги полуде сите.
@danshabaWhy haven’t we known about this! 😱🤯
За овој рецепт ви требаат пеперони, јајца, кашкавал и арапски леб. Наредете ја саламата во загреана тава и одозгора посипете со рендан кашкавал.
Потоа во сад изматете 3 јајца и со нив прелијте ги пепероните и кашкавалот. Додадете зачини по вкус и брзо ставете арапски леб одозгора. Почекајте продуктите да се потпечат малку и превртете го добиеното.
Воала, вашата пица е готова за 5 минути. Одозгора можете да ставите кечап и сос од лук. Ќе ги лижете прстите од кеф, ви ветуваме.


