Дали некогаш сте пробале кисели тиквички – превкусна зимница која што можете да ја користите во текот на целата година?




Имаме рецепт за кисели тиквички кои ќе ги сака целото семејство. Тиквичките се омилен зеленчук на многумина, но нивниот најголем проблем е што ги има премногу во лето, а ни недостасуваат во зима.
За да го избегнете ова, можете многу лесно да си направите кисели тиквички и на тој начин да си обезбедите уживање во текот на целата година. Киселите тиквички одлично се комбинираат со разни јадења, како салата или прилог…




Ќе ви биде потребно:
- 2 кг тиквички
- 2 кромид
- 50 гр сол
- 700 мл оцет за киселење
- 40 гр шеќер
- 2 лажички семе од тилчец
- 1 лажичка куркума
Подготовка:




Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на тенки прстени, кои по потреба можете да ги исечете на половина. Направете го истото со кромидот. Измешајте ги тиквичките и кромидот во пластичен сад, посолете и прелијте сè со ладна вода.
Оставете да отстои околу 2 часа, а потоа исцедете ги и исплакнете ги тиквичките и кромидот. Во поголемо тенџере сварете ги оцетот, шеќерот и куркумата. Со смесата прелијте ги тиквичките и кромидот и оставете да отстои уште 2 часа.




Потоа истурете ја смесата во поголемо тенџере и ставете ја на оган. Кога содржината ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете да врие уште 5 минути.
Подготвената смеса (зеленчук и течноста) префрлете ја во тегли за киселење. Не ги полнете до врвот, оставете прст простор, а потоа затворете ги теглите.






