Ако првиот чекор што го правите наутро е да посегнете по шолја кафе, можете да размислите прво дали да не го замените со некој друг производ. Многу факти покажуваат дека оваа намирница може да не разбуди не помалку од кафето и освен тоа, многу е покорисна од него.
Додека будењето со кафе зависи од количината на кофеин, јаболкото му ја дава на телото потребната енергија, преку природен шеќер фруктоза и не остава негативни ефекти врз телото, велат експертите. Јаболкото е добро поради фактот што не го влошува стомакот, што не е случај со кафето, а исто така не влијае на крвниот притисок.
Се разбира, кофеинот во кафето ќе има подобар ефект врз будењето, но придобивките од јаболката не треба да се занемарат. Јаболката ќе го разбуди телото на природен и лесен начин, што нема да предизвика иритација и недостаток на сон – што честопати е последица од пиењето на кафе.
Исто така, јаболката се богати со витамини А, Б и Ц, но и пектин, кој апсорбира вода и токсини во телото. Кафето ќе работи подобро за будење, но со можни последици, додека јаболката се здрав начин за будење на телото.


