12 ДЕНА ЈАДЕЛА САМО БАНАНИ: Еве каква промена доживеала! Неверојатно!

Јулија Тарбат спровела мал експеримент за да одреди точно како бананите влијаат на слабеењето и на здравјето воопшто

Бананите се овошје богато со растителни влакна кое има многу добри здравствени ефекти. Поради влакната кои прават да се чувствуваме сити подолго време, тие можат да помогнат и при слабеење, а нутриционистката Јулија Тарбат спроведе мал експеримент за точно да утврди како бананите влијаат на слабеењето.

Таа јадела само банани 12 дена за да ослабе и да го прочисти телото, а еве неколку правила кои ги следела на таа диета:

Јадела банани колку што сакала, но ништо друго, можеби понекогаш додавала и малку зелена салата на последниот оброк од денот. Конзумирала само зрели банани, внимавајќи да внесе ист број калории што вообичаено ги внесувала додека јадела „нормално“.

Пиела многу вода, до три литри дневно и ги имала вообичаените физички активности.
Повеќе одмарала бидејќи телото минува низ фаза на детоксикација и поправка.
Истражувањата покажаа дека бананите можат да бидат совршена помош за слабеење.

Просечната банана има околу 90 калории, што е многу помалку од некоја чоколадна лента што би ја јаделе. Содржи и многу растворливи влакна, што значи дека ја апсорбира водата и го забавува варењето.

Јулија успеа да ослабе 3 килограми и да се ослободи од насобраната течност. Покрај тоа, таа ги исфрлила насобраните токсини од цревата, а по експериментот почувствувала дека има повеќе енергија.

Резултатите од диетата

Јулија вели дека цело време додека ја следела оваа диета, цели 12 дена, се чувствувала одлично и немала никакви несакани ефекти. Таа истакнува дека нејзината состојба на умот била многу јасна, дека била концентрирана и ефикасна во извршувањето на задачите.

Исто така, таа била добро расположена и немала нагли промени во расположението. Така, би се рекло дека оваа дванаесетдневна детоксикација од банани вродила со плод, но секогаш треба да се консултирате со лекар пред да воведете какви било ограничувања во исхраната.

Дополнително, д-р Дејвид Хебер истакна дека оваа диета не е добра бидејќи бананите не содржат протеини, „најважната хранлива материја која го контролира апетитот и метаболизмот“.

Најважно е не само да ослабете, туку и каква ќе биде структурата на телото после тоа.Ако гладувате или јадете само јаглехидрати, половина од тежината што ќе ја изгубите ќе бидат мускули.

Секој половина килограм мускул што ќе го изгубите се забавува вашиот метаболизам за 14 калории на ден. Кога ќе изгубите околу половина килограм мускул, вашето тело ќе согорува околу 140 калории дневно помалку.

Тогаш ќе изгледате слабо однадвор, но ќе имате сало внатре. Со разновидно овошје и зеленчук и со ограничен внес на јаглени хидрати е клучно здраво слабеење, рече д-р Хебер.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...