Ви пренесуваме 3 поучни цитати од отец Тадеј од кои можеме да заклучиме што ни е потребно за среќа!




Отец Тадеј е еден од најпочитуваните православни свештеници во последно време. Неговите мисли и учења се цитираат и денес, а покрај духовната мудрост, многумина ги користеле неговите рецепти за подготовка на лековити напивки, природни лекови и мелеми.
Целиот свој живот го посветил на духовниот развој, а според неговите зборови, собрани во неколку книги, утеха нашле многу луѓе. Ви пренесуваме 3 моќни цитати од отец Тадеј од кои можеме да заклучиме што ни треба за среќа:




1. “Животот на земјината топка се манифестира со мисли. Какви мисли имаме, таков ни е и животот.”
Ако нашите мисли се постојано темни, негативни и песимистички, таков ќе биде и нашиот живот. Затоа е важно да се негуваат позитивните и добри мисли, за да се манифестираат во реалноста.




2. „Да не талкаме во мислите и да не гледаме што прават другите, туку да гледаме што правиме, што доаѓа од нас, дали тешиме или осудуваме, дали простуваме или сакаме“.
Склони сме да зјапаме во туѓите грешки и пропусти, но што е со нас? Кога последен пат ја погледнавме нашата душа? Пред да почнете да ги набљудувате другите, погледнете се себеси, работете на својот развој – тоа е вистинскиот пат до среќата. И никогаш не судете!




3. „Треба да се опуштите. Не грижете се премногу за овој свет, туку зачувајте го вашиот мир и живејте со Бога. Оставете го да оди како што оди“.
Нека нештата поминуваат низ животот, нека тече, а реката на животот веќе донесе и однесе многу грижи во вашиот живот. Откако ќе поминете низ секој предизвик, имате шанса да станете подобри и посилни.




Не размислувајте што ќе се случи, не плашете се, туку тргнете го товарот на грижите од грбот, опуштете се и како што вели отец Тадеј – „чувајте го својот мир и живејте со Бога“.
Од овие цитати можеме да заклучиме дека позитивните мисли, работењето на себе, некоментирањето на другите и опуштениот став во животот се едноставен рецепт за вистинска среќа!






