4 ПРИЧИНИ ДА СЕ ПРОШЕТАТЕ ВО ШУМАТА ОВАА ЕСЕН: Јапонците развиле посебна техника на лечење, почувствувајте ги и Вие нејзините придобивки

Иако после прошетката во шума секогаш има убава атмосфера, ние ви пренесуваме 4 причини зошто е особено добро и корисно да го правите тоа во текот на есента. Ако немате шума во близина, одете во парк, ќе ви биде пријатно на телото и умот.

Дали некогаш сте забележале, кога шетате во шума или парк, колку подобро се чувствувате потоа? Тоа е затоа што дрвјата се лековити и на многу начини.

Прошетката во шума е особено убава наесен, кога природата се менува и ни ги подарува најубавите бои. Еве како шетањето во природа придонесува за нашето здравје:

1. Го намалува нивото на кортизол

Растенијата ослободуваат монотерпен, супстанца која помага да се намали стресот и да се нормализира крвниот притисок, со позитивен ефект врз нашиот одбранбен систем.

Уште од античко време во Јапонија знаеле за овие ефекти на растенијата, затоа редовно се практикува шумска терапија, т.е. shinrin-yoku, „шумско капење“. Станува збор за тивка прошетка низ шумата додека ја апсорбираме природата околу нас со сите наши сетила, нејзините звуци, мириси, бои и живописна биолошка разновидност.

Шумската терапија особено се препорачува за луѓе кои страдаат од депресија, анксиозност, луѓе кои се под зголемен стрес со цел да се намали нивото на хормонот на стресот, кортизол…

2. Го зајакнува респираторниот систем

Додека шетаме низ шумата, особено зимзелената шума, вдишуваме фитонциди – есенцијални масла што ги ослободуваат дрвјата. Тие го подобруваат квалитетот на воздухот и на тој начин имаат корист за нашето тело. Пациентите кои страдаат од болести на респираторниот систем имаат особени придобивки од оваа терапија.

Дишењето има и смирувачка функција, го намалува отчукувањата на срцето, ја враќа рамнотежата и го намалува стресот. Донесете ќебе или подлога, сместете се удобно и медитирајте додека го дишете чистиот шумски воздух.

3. Ги враќаме телото и духот во рамнотежа

Прошетката во шума и контактот со природата има и важен емотивен ефект: кога ќе ги набљудуваме промените што ги претрпува вегетацијата во есен, не можеме да останеме имуни на сета таа убавина.

Ова нè поттикнува малку да размислиме, да се фокусираме на убавите работи што ги имаме овде пред нас, во сегашноста… Некако повторно да го откриеме чудото. На овој начин, телото и духот ги враќаме во рамнотежа.

4. Го ослободуваме умот

Есента е време на промени, а одењето во природа во моментот на нејзината трансформација има важна симболична вредност – како што лисјата паѓаат за да им отстапат место на цвеќињата и новите, бујни и млади лисја во пролетта, така учиме дека минувањето едно значи да се направи простор за новото, уште поубаво што допрва не чека.

Ако моментално сте окупирани со проблеми, прошетајте во парк или шума, ќе видите како сите ваши грижи веднаш ќе станат помали и што е најважно, минливи.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...