Знаеме дека моќта на тибетската медицина е во превенцијата. Ни дава насоки за исхрана и начин на живот, со чија помош можеме да спречиме појава на разни болести.




И, се разбира, сето ова да го усогласиме со нашата индивидуалност. Во продолжение Ви претставуваме кои се 5 -те најважни препораки за зајакнување на имунитетот според раководител на популарен тибетски традиционален центар.
Јадете храна со горчлив, сув и лут вкус
Користете повеќе зачини. Можете исто така да уживате во богатството на билки со својства на затоплување – црн пипер, цимет, каранфилче, морско оревче, ким, кардамон и други.




Движете се
Во моментов можете да најдете разни онлајн тренинзи или часови по јога. Телото ќе ви биде благодарно.
Обидете се да останете на сонце најмалку 1 час дневно
Дури и ако единствената опција е вашата тераса.




Пијте топла вода во текот на целиот ден
Можете исто така да си подготвите чај од ѓумбир. Хидратацијата на организамот е од особена важност.
Погледнете во себе
Користете ја социјалната изолација за да погледнете во себе. Можете да примените разни техники на медитација. Обидете се да развиете чувство на безусловна љубов и сочувство кон сите живи суштества.






