Ви претставуваме 5 едноставни ритуали пред спиење кои привлекуваат среќа – ви требаат само неколку минути, а можете да ги правите во кревет!




Не постои брз и точен рецепт за среќа, бидејќи секој поединец ја доживува среќата на единствен начин. Сепак, со мали промени и едноставни и убави ритуали, можеме да направиме среќата да не следи од час во час, од ден на ден.
Еве 5 едноставни ритуали пред спиење кои ќе ви помогнат да бидете посреќни и да имате повеќе позитивна енергија која ќе се пренесе на следниот ден:




1. Благодарност и сеќавање на изминатиот ден
Првото нешто е БЛАГОДАРНОСТ: Одвојте неколку минути пред спиење за да се заблагодарите за денот зад вас, за сите привилегии што ви ги носи животот и што сте учесник во најубавата авантура, која едноставно се нарекува ЖИВОТ.
Размислувањето за следниот ден и за обврските кои не очекуваат, може да ве вознемири и да предизвика несоница. Затоа е најважно пред спиење да се потсетите што ви донесе изминатиот ден.




Заблагодарете се за средбата со пријателите, вкусната храна, насмевката, песната на ветрот, сонцето и добрите можности. Кога ќе почнете да ги набројувате работите за кои сте благодарни, ќе сфатите колку сте навистина богати.
2. Направете санклапа и кажете ја гласно
Санкалпа е збор на санскрит кој најблиску ја означува вашата намера. Тоа е всушност повеќе идеја за нешто за што сме многу решени, со цел да направиме позитивни промени во нашите животи.




Направете една санкалпа која треба да биде прилично кратка и изразена на позитивен начин. Формулирајте ја така што ќе означува дека успехот е веќе постигнат.
На пример: „Јас сум силен и здрав“ или „Мојот живот е токму онаков каков што сакам да биде“ … На овој начин го тренирате вашиот ум да размислува позитивно, да биде пофлексибилен пред промените и да прифати оптимистички став.






