Како да ја одржите самодовербата во средните години и менопаузата – овие реченици никогаш не треба да ги кажуваат жените во 40-тите и 50-тите години!




Животот во средна возраст може да биде полн со предизвици за една жена. Хормоните ни „играат“ и телото и чувствата, животот се менува, имаме чувство дека влегуваме во нешто непознато, несфатливо, дека почнуваме да се губиме себеси.
Важно е да сфатиме дека негативните ставови во 40-тите и 50-тите се заблуда во која често се воведуваме. Зрелата жена треба да знае дека оваа возраст нема да и донесе помалку можности, дека нејзината автентичност нема да биде избришана, напротив, тие можат да бидат се повеќе и повеќе верни на себе од кога било.




Во овој период многу жени се соочуваат со негативни мисли и верувања кои лошо влијаат на квалитетот на животот, психата, успехот, развојот, прават да се чувствуваме лошо.
Еве неколку фрази/реченици кои жените во 40-тите и 50-тите никогаш не смеат да си ги кажат, тие привлекуваат несреќа и незадоволство:




1. „Престара сум за тоа…“
Запомнете дека човекот се менува во текот на животот, а не на одредена возраст. Ако сакате промена, тогаш прифатете ја, направете ја и не плашете се од ништо.
2. “Доцна е за тоа!”
Дали сакате да добиете нова работа или радикално да ја промените својата професија? Никогаш не кажувајте си дека сега е доцна за било што или за било каков потфат.




Секогаш давајте се од себе за да ги постигнете своите цели и правете го она што го сакате. Никогаш не е доцна!
3. “Се најдобро е веќе во минатото!”
Ова е самоизмама. Не е ни чудо што велат дека по четириесет, животот само што почнува. Многу психолози истакнуваат дека најдобрите и најинтересните години од животот се во 40-тите и 50-тите години или за време на средовечната криза или после неа.




Повеќето жени во овој период веќе знаат да се ценат, ги прифатиле своите недостатоци, знаат што можат и сакаат.
4. „Никогаш повеќе нема да бидам слаба …“
Вистина е дека со годините метаболизмот се успорува и се потешко се слабее. Но, тоа не значи дека не можете да бидете витки, здрави и витални. Балансирајте ја исхраната, не гладувајте, движете се повеќе, пешачете, вежбајте пилатес, намалете го внесот на слатки, брашно и пржена храна.




Можете да ја доведете линијата до посакуваната само ако навистина сакате. Не е важно како изгледате, кога ќе усвоите здрава исхрана и ќе се активирате, ќе се чувствувате подобро.
5. “Зошто ми се случи сето ова?”
Престанете да се критикувате и измачувате себеси за грешките што сте ги направиле во минатото. Сите луѓе имаат тенденција да прават грешки, затоа не гледајте секој ден од вашето минато низ „очилата“ на песимизмот и негативноста. Во спротивно, нема да можете да се ослободите од негативната енергија во животот.




Сфатете ги вашите грешки како вредно искуство и запомнете дека минатото е невозможно да се промени. Среќата е во сегашноста, а ако живеете во сегашниот момент, пред вас е светла иднина!


