Еве што според Фенг Шуи учењето треба да правите за да привлечете позитивна енергија и пари во вашиот дом.




Околината во која живееме многу влијае на нашите животи, во секоја смисла. Според учењето за фенг шуи, се верува дека сите работи имаат своја енергија, вклучувајќи ја куќата или станот во кој живееме и сите предмети во него.
Нивната енергија може да влијае на оние кои живеат во нив, изобилството, среќата, благосостојбата. Кога една од овие сфери не е во рамнотежа, тоа може да значи дека нешто ја блокира енергијата во домот, односно не дозволува позитивната енергија да циркулира.




Еве неколку совети за тоа како можете да ја подобрите енергијата на вашиот дом:
Влезна врата
Ако посетителот не може лесно да ја најде вашата врата, тоа симболично значи дека не може да ја најде енергијата на парите и изобилството. Вратата е влез не само за семејството и гостите, туку и за енергија, нови можности и пари.




Темните влезови, безлични го спречуваат и приливот на материјални добра. Совет е да се осветли влезот, да се украси влезната врата. Тоа може да биде детаљ, цвеќе, венец или слика во светла боја.
На овој начин појасно ќе им го покажете и на парите патот до вашиот дом. За слободен проток на енергија, вратата треба да може да се отвори за 90 степени.




Неред и нечистотија
Ако вашиот дом е во хаос, преполн со непотребни работи и полн со нечистотија, немојте да се чудите ако имате финансиски проблеми. Нередот може да создаде финансиски блокади и да го спречи плаќањето на долгови.
Во куќата енергијата е запрена, заробена, нема циркулација, па нема можност за зголемување на приходите и изобилството. Затоа поправете го вашиот дом што е можно поскоро.




Ослободете се од сите непотребни работи, без разлика дали се работи за нефункционален мебел, истрошен прибор, неисправни електрични апарати. Сите овие работи ја складираат негативната енергија од која треба да се ослободите.
Освен што треба да ги исфрлите непотребните работи, треба да го одржувате и вашиот дом чист. Според Фенг Шуи, валканиот фрижидер носи долгови кои нема да можете да ги платите, а валканата печка носи финансиски проблеми.




Како да внесете позитивна енергија?
- Саксиите со цвеќе ставете ги пред прозорецот за да го покриете одливот на енергија.
- Запалете свеќи – затоа што ова е јанг енергија која ги осветлува мртвите точки во куќата.
- Поставете фенг шуи жаба на полица или биро, свртена кон влезната врата од собата.
- Украсете ја влезната врата со венец, цвеќиња, некои светли бои, украси…






