И ова не е прв случај на гинеколог/волонтер.




Сега веќе починат гинеколог вештачки оплодил жени со неговата сперма кои мислеле дека донаторот е анонимен и со тоа станал биолошки татко на најмалку 17 деца, објави пред неколку дена болницата во која работел.
Јан Вилдшут работел од 1981 до 1993 година во болница во градот Цволе, на северот на Холандија.
Најмалку 17 деца се зачнати преку практиката на вештачко оплодување на тој гинеколог кој имал и свое семејство, изјавија од болницата, кои неговата работа ја оценија како „морално неприфатлива“.




Установата, која некогаш се нарекуваше Софиска болница, не ја исклучи можноста Вајлдшут да е биолошки татко на повеќе деца.
Болницата, која дознала за тоа на крајот на 2019 година, одлучила јавно да ја претстави работата на гинекологот со согласност на неговото семејство и децата родени под негов надзор.
Случајот бил откриен случајно, кога едно од децата открило дека има слична ДНК како внук на гинеколог, кој починал во 2009 година.




„Воопшто не се сомневавме дека може да биде донатор“, вели еден од родителите, додавајќи дека гинекологот оставил пријателски и искрен впечаток.
Надлежните изјавија дека нема да поведат истрага бидејќи во времето на тие дела немало регулатива за третман на стерилност.
Друга слична афера беше откриена во Холандија минатата година. ДНК тест утврди дека поранешниот директор на банка за сперма, осомничен дека користел сопствена сперма наместо донаторска сперма, е биолошки татко на 49 деца.






