Што ни носи магијата на броевите 3-3 на 3 март – време е за чудесни промени и живот за кој сонуваме!




Главните броеви во нумерологијата се 11, 22 и 33, а утре, 3.3.2023 година имаме доминантна низа од 3-3 која има посебна симболика и носи специфична енергија, сметаат нумеролозите.
Низата 3-3 претставува чиста љубов, па затоа на овој ден очекуваме убави емоции и светла и топла енергија која може да го допре нашето срце. Во нумерологијата овој бројка се поврзува со добри односи, заедништво и семејство, па ова е одлично време да се поврзете со блиски луѓе, да им покажете колку се грижите и да го претворите „те сакам“ во дела.




Исто така, денот е фокусиран на креативност и комуникација. Темата која ќе биде број еден овој ден е личниот раст и развој. Одговорете ги следниве прашања:
Што можам да направам денес за да си го подобрам животот? Кои задачи треба да ги завршам за да го добијам она што го сакам? Што треба да исфрлам и од што треба да се откажам во мојот живот за да успеам?




Денот 3-3 носи големи сознанија за она што е скриено во нашите души, а нашата моќ на интуиција ни помага да се нурнеме малку подлабоко во потсвеста и да сфатиме што навистина сака нашето битие. Потоа можете да ги визуелизирате вашите соништа.
Сместете се удобно во природа или во вашиот дом, на место кое ви овозможува мир, спокој и тишина. Затворете ги очите, земете неколку длабоки вдишувања додека не почувствувате мир и хармонија, а потоа замислете што сакате до најмалите детали.




Обрнете внимание на боите, ситуациите, чувствата, мирисите, допирите. Нека вашата карта е богата, а со енергијата на бројот 3-3 и визуелизацијата можете да се мотивирате и ќе ви стане појасно кој пат води до среќата.
Бројот 3 укажува на креативност, самодоверба и таленти – тоа е она што е нагласено денес и што треба да го искористите за да напредувате. Разбудете го умот, фокусирајте се само на добрите работи, простете си некои грешки, простете им на другите и запомнете ги старите лекции од кои можете да научите.




Бидете свесни за вашите квалитетни работи, кажувајте афирмации и покажете си на себе „ЈАС ГО МОЖАМ ТОА“ на дело. Магичната серија од 3-3 носи сознанија кои ви помагаат да станете најдобрата верзија од себе и токму оваа чудесна промена ќе го направи овој ден прекрасен!


