Маченичката Христина била ќерка на идолопоклоник кој ја предал на тешки маки бидејќи ги скршила сите идоли. Прво и ги отсекле градите и јазикот, а потоа ја убиле со меч.




Била родена во градот Тир, ќерка на царскиот управител Урбан, идолопоклоник. Не е познато зошто родителите и го дале тоа име Христина, но тоа ја носело тајната на нејзиното идно следење на Христос.
До својата единаесет години не знаела ништо за христијанството. Кога имала единаесет години, нејзиниот татко, за да ја сокрие од светот поради нејзината извонредна убавина до полнолетството, ѝ го доделил горниот кат на високата кула да живее таму.




Тој ѝ ги приредил сите животни удобности, и дал робинки да и служат, а во нејзините одаи ставил сребрени и златни идоли за да може да им принесува секојдневни жртви.
Преданието вели дека таа не можела да го толерира идолопоклонството и дека ѝ бил испратен ангел кој ја прекрстил со крстен знак и ја нарекол Христова невеста и ја научил на верата.




Тогаш Христина ги скршила сите идоли во своите одаи и со тоа го предизвикала гневот на нејзиниот татко. Нејзиниот татко ја однел на суд и ја натерал на мачење, а потоа ја фрлил во зандана, со намера да ја исече со меч следниот ден.
Но, таа вечер Урбан умрел, здрав и прав, и отидел во гроб пред својата ќерка. Тогаш двајцата управители, Дион и Јулијан, и го продолжиле страдањето на оваа маченичка.




Храброста на Христина во страдањето преобратила многу тирски незнабошци во христијанство. За време на мачењето на Христина, Дион одеднаш паднал мртов среде народот.
Неговиот наследник Јулијан и ги отсекол градите и јазикот на Христина. Маченичката го зела нејзиниот јазик со раката и го фрлила во очите на Јулијан. И тој одеднаш ослепел. Конечно, нејзините страдања за Христа завршиле со смрт под остар меч.






